Шебетиќ, Молина, Малус…Шпанците ја „искористија“ војната во Украина

Во продолжение во шпанската Асобал лига ќе гледаме неколку нови имиња откако клубовите ја искористијата ситуацијата со инвазијата на Русија во Украина и доведоа ракометари од украинските и белоурските клубови.

Адемар Леон ги претстави Аиденас Малашинскас кој веќе настапи во Купот, тој ќе добие и уште еден сонародник бидејќи пристигнува Деивидас Вирбаускас, кој беше член на Донски Козаки.

Претпоследнопласираниот Синфин исто така претстави нови имиња, се засилија со Карлос Молина од Мотор Запорожје и Јака Малус од Мешков Брест.

Виверос Херол Нава тим кој има проблеми со повредите, за продолжение од сезоната на располагање ќе ги има Хрватот Лука Шебетиќ исто така од Мотор Запорожје.

Освен Деивидас Вирбаускас, останатите ракометари потпишаа до крајот на сезоната, а тогаш ќе се решава дали ќе се вратат во клубовите или ќе одат на нова дестинација.