during the Women’s EHF EURO 2020 Norway, Denmark - Group I, Denmark vs Spain, Jyske Bank Arena, Herning Denmark 13.12.2020, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Швеѓанките не го видоа голот од Сандра Тофт, Данска е прва во група Б

Данска го освои првото место по трите одиграни кола во група Б откако беше поуспешна од соседите Шведска со 25-23(13-5). Данска пред полупразните трибини во Целје уште од самиот старт благодарение на одличната одбрана и голманката Тофт создаде висока предност (6-1) која ја одржуваше до самиот крај на натпреварот. Во брз и динамичен натпревар, во кој нападите траеа по неколку секунди, а брзите контри го диктираа темпото на натпреварот, подобро се снајде Данска благодарение на одличниот голман и на крајот заслужено славеше победа како соодветен одговор на воведниот шок-пораз од домаќинот Словенија.

Почетниот период им припадна на голманките на двете страни, а во брканицата поуспешна беше Сандра Тофт, голманката на Данска која и овозможи на својата репрезентација предност од пет голови по десетина минути игра. Шведска во средина на полувремето успеа да ја преполови разликата, но немаше решение за одличната Тофт. Токму тоа го искоритија данските ракометарки и во финишот ја создадоа најсиоката предност од осум голови, разлика со која заврши првиот дел за конечни 13-5. Тофт првиот дел го заврши со процент на одбранети удари од близу 80%.

Вториот дел продолжи со изедначен ракомет, Тофт беше добра на голот, но нејзините колешки не можеа да го пронајдат голот на Шведска. По пет минути игра започна период во кој двете репрезентации беа прецизни, а Данска ја одржуваше предноста од осум голови до средина на второто полувреме. Шведска успеа да намали дел од големата залиха на Данска, па до 52 минута се вратија на „минус пет“. Во 54 и 55 минута имаше и два напада за „минус четири“ но не ги искористи. Тоа им успеа дури на истекот на 57 минута, кога Робертс го постави резултатот 24-20. Во последните десет минути од натпреварот Рајнхард ја замени одличната Тофт, а Данска ја задржа високата предност во финишот на второто полувреме, на две минути до крајот имаше и пет голови предност, а разликата до крајот на натпреварот се спушти и до „минус два“ и конечни 25-23.

Во составот на Данска Ема Фрис со 9 голови ја предводеше листата на стрелците, а ја следеа Мете Трамборг со 4 и Трине Јенсен со 3 голови. Кај Швеѓанките Тире Акснер постигна 9 погодоци, а 6 запиша Елин Хансон.

Покрај Данска и Шведска, од групата Б пласман во следната фаза обезбеди и домаќинот Словенија, а сите три репрезентации ќе продолжат во главната фаза со по два бода. Натпреварувањето заврши за Србија.