Швеѓаните подготвуваат план за бегство од ЕП

Репрезентациајта на Шведска има добри шанси да се најде во полуфиналето на Европското првенство, а тоа ќе биде познато после дуелот со Норвешка во последното коло. На овој дуел ќе настапат без двајца клучни играчи кои добија позитивни тестови на коронавирус.

Швеѓаните се многу исплашени од коронавирусот и од можноста да останат во карантин во некој од хотелите на првенството. Затоа подготвуваат план за бегство од првенството веднаш штом ќе завршат со последниот натпревар.

Ракометарите на Шведска немаат намера да ги чекаат резултатите од тестирањето после завршувањето на групната фаза. Тие планираат веднаш после мечот да изнајмат автомобили и да си заминат.

Џонатан Карлсбогард за шведскиот „Афтонбладет“ имаше интересна изјава и совет за своите согирачи.

„Тргнете си што побрзо, кажете дека не сте ги дознале резултатите од тестирањето. Исклучете ги мобилните и не читајте пораки ниту одговарајте. Да останете во изолација е кошмарно сценарио“, рече Карлсбогард.

Шведска клучниот натпревар за пласман во полуфиналето против Норвешка ќе го игра во вторник со почеток во 20:30 часот.