Шведскиот селектор ќе води дански клуб

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Шведска, Томас Акснер, ќе биде новиот тренер на Есбјерг, но од сезона 2024/25.

Швеѓанецот во данскиот клуб ќе биде замена за Јеспер Јенсен, кој ќе одработи уште една година во Есбјерг, па потоа ќе му ја препушти тренерската палка на некогашниот шведски репрезентативец.

Акснер на шведската женска репрезентација е на чело од 2020 година и за време на нековиот мандат како селектор доби неколку големи понуди од заинтересирани клубови, но сите ги одби и целосно се посвети на репрезентативна работа.

Раководството на Есбјерг и Акнер се договорија на тригодишна соработка. Поранешниот репрезентативец на Шведска во Есбјерг ќе остане најмалку до јуни, 2027 година.

На Светското кадетско првенство минатата година, кое се одржа во Македонија, токму Акнер беше предводник на кадетките, откако селекторот Портус Вард Винклунд беше уапсен на еден од аеродромите во Копенхаген.