Sweden vs Egypt, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Stockholm, 25.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Шведска е во полуфиналето, Египет немаше сили за сериозен отпор

Домаќинот Шведска се избори за полуфиналето во петок откако вечерва во Стокхолм го победи Египет со 26:22 (14:9). Со овој триумф европскиот првак Шведска ја продолжи серијата и ја забележа седмата победа на овој шампионат.

Но, почетокот на дуелот мина во знакот на Египет. Избраниците на Парондо имаа постојано водство најчесто од еден гол до резултатот 9:8, но потоа шведските ракометари со серија од 6-0 до крајот на првите 30 минути направија предност од 14:9.

И на почетокот на вториот дел  Шведска ја продолжи серијата со уште два гола за највисоки + 7 (16:9). Оваа предност домаќинот ја имаше уште трипати, а по 21:14 Египет со четири гола во низа намали на 21:18. Но, тоа беше се што направија ракометарите на Египет.

СВЕТСКО 2023 1/4ФИНАЛЕ: Шведска Египет

Најефикасен на натпреварот беше Никлас Екберг со 6 голови и без промашување. Паличка на голот на Шведска заврши со 13 одбрани, а поранепниот голман на Еурофарм Пелистер Хендави кај Египет имаше 11 одбрани.