Шведската „зебра“ се претвора во „лав“

Тимот на Кил, од следната сезона најверојатно ќе остане без услугите на шведскиот репрезентативец Лукас Нилсон.

Како што пишуваат германските медиуми, Нилсон не е задоволен од минутажата што ја има во составот на „зебрите“, па си побара нов предзивик.

Тоа ќе биде тимот на Рајн Некар Левен, кој во Нилсон гледа замена за Мадс Менса Ларсен, кој се сели во Фленсбург.

Покрај на левата бековска, Нилсон може да биде корисен и на средната бековска позиција. Оваа сезона тој постигна 48 погодоци на 24 средби.