Швајцарија е ривал на Македонија за трофеј на ЕХФ шампионатот!

Селекцијата на Швајцарија ќе биде ривал на Македонија во борбата за трофејот на ЕХФ шампионатот во Летонија.

Швајцарците во полуфиналето славеа над домаќинот Летонија со убедливи 18 голови разлика, 40-22.

Првото полувреме не навестуваше таков расплет, бидејќи Швајцарија водеше само со три гола, 15-12.

Најдобар стрелец во швајцарската репрезентација беше десното крило Гино Стинартс со 13 гола, додека средниот бек Валентин Вилфесберг даде шест погодоци.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра утре од 16:00 часот во „Олимписки Центар“ во Рига.