Швајцарија без милост, победи среде Финска со 13 разлика

Репрезентациајата на Швајцарија оствари убедлива победа на гостувањето во Финска во натпреварот од квалификациската група 7 за ЕП 2022 каде што е и Македонија. Швајцарците стигна до првите бодови откако славеа 19:32.

Швајцарија беше подобар противник во текот на сите 60 минути и повеќе од заслужено ја совлада Финска. Натпреварот започна со два гола на Швајцарците и таквата разлика ја одржуваа во продолжение. Веќе во 20. минута беше пет разлика 4:9 за гостинскиот тим.

Финците имаа проблеми со реализацијата и за секој гол мораа многу да се потрудат. Тоа знаеше да го искористи репрезентацијата на Швајцарија и речиси да го реши натпреварот по првиот дел. На полувреме Финска имаше негатива од 8:15.

Продолжението не донесе промени, гостинскиот тим доминираше на теренот, а Финска беше немоќна да стори нешто повеќе. Во 55. минута на семафорот беше и највисоката разлика од 14 гола кога беше 14:29. На крајот Финците само го ублажија поразот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ален Милошевиќ со десет гола, а по пет постигнаа Раеми и Шмид. Во репрезентацијата на Финска по три гола постигнаа Сирјала, Гранлунд и Хеландер.