Шампион тестираше со младинската репрезентација на Чиле

Машката младинска селекција на Чиле моментално е на подготовки во Скопје. Ракометарите од јужноамериканската земја активно се подготвуваат за настап на Пан Американските првенства, што ќе се одржат во ноември.

Чиле имаше неколку контролни средби со екипите на Работнички и Драчево. Освен со овие екипи, Чиле одигра контролен натпревар и со екипата на Шампион и успеа да слави со 32:25.

Шампион имаше одлична сезона во Првата лига, но не избори пласман во Супер лигата и најверојатно е дека екипата ќе продолжи со речиси ист ростер и во новата сезона.

Шампион добро се држеше во првиот дел, а на полувреме имаше негатива од два разлика, 14:16. Сепак, во второто полувреме, Чиле успеа да ја диктира играта на терен и со победа ја заврши пријателската средба.

Најефикасен на натпреварот беше ракометарот на Шампион, Есад Дрпљанин со десет постигнати гола.

Избраниците на Матео Гаралда во Скопје ќе бидат до 22 јуни. Во Скопје пристигнаа на 7 јуни и очигледно е дека во иднина ќе ја одбираат македонската престолнина за нивните репрезентативни подготовки.