Шампион издржа едно полувреме против Спартак

Ракометарките на Спартак забележаа нова победа во Женската лига, откако на домашен терен славеа против составот на Шампион со 39-28.

Гостинките одржуваа резултатска рамнотежа во првиот дел, во неколку наврати имаа и водство, но на пауза заминаа со негатива со четири голови, 18-14.

Во вториот дел избраничките на Велимир Мицевски набрзина се одлепија на плус шест, и до крајот се беше само рутинско одработување на задачата.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Коларовска и Василева со по десет гола, додека кај Шампион се истакнаа Петровска и Неделковска со по седум погодоци.