Шампионот ќе остане без легендата: Тимур Дибиров заминува од Вардар!

По девет одиграни сезони во „црвено-црниот“ дрес, левото крило Тимур Дибиров ќе си замине од македонскиот шампион Вардар.

Натпреварот со Веспрем беше последен за летечкиот Русин со македонски пасош во Лигата на шампионите во Скопје, а тоа Дибиров го потврди во подкастот „Само Ракомет“.

„Не знам дали е вистински момент или не, но сакам да објавам кај вас дека ова е мојата последна сезона во дресот на Вардар. Натпреварот со Веспрем беше мој последен во Лигата на шампионите за Вардар. Би сакал да одиме во Битола, да победиме и на тој начин да се збогувам со Вардар“, вели Дибиров.

Русинот со Вардар освои две европски шампионски титули во 2017 и 2019, четири титули во СЕХА лигата, како и седум титули во Суперлигата и седум во Купот на Македонија.