Шамбери ги намали платите, заштеди 680.000 евра

Директорот на тимот од Франција, Шамбери, Лоран Муние објави интересна информација која вели дека клубот ќе заштеди голема сума на пари после намалувањето на платите на ракометарите.

Шамбери заштедува 680.000 евра со ова и тоа е добро за тимот. Воедно е објавено дека организацијата на виртуелен натпревар донесе профит од 4.500 евра што ќе значи и донација во болницата во градот, како и донирање на 1.500 маски за вработените.

„Оваа ситуација не постави во тешка позиција во која мораме да ја предвидуваме иднината односно да предвидуваме што ќе се случи следната сезона и веќе работиме на тоа. Тешкотијата е што треба самоуверено да се движиме во нејасни услови. Кога можеме да ја наполниме нашата арена? Колку партнери ќе можат да се вклучат во спонзорирањето на клубот? Сепак, за жал сите проблеми остануваат нерешени додека ние мораме да преземаме неопходни мерки“, вели директорот на Шамбери, Лоран Муние.

Тој коментираше и за промените кои мора да се направат за да може да се продолжи со нормалното опстојување на клубот.

„Поради намалување на платите следната сезона ќе заштедиме 680.000 евра и со тоа до одреден степен ќе го смениме животниот стил. Мораме да ги намалиме платите на сите нивоа и сите сме загрижени поради ова. Веќе разговаравме за ова со сите заинтересирани страни и иако ова е непријатно за сите, тие покажаа разбирање. Во прашање е опстанокот на клубот“, коментираше Муние.

Шамбери е само уште еден тим кој ги намали платите на ракометарите поради коронавирусот.