Чурлевски и Трајковски со победнички крај на годината

Тимот на Сјундеа ИФ, каде што настапуваат македонските интернационалци Игор Трајковски и Филип Чурлевски, имаше победнички крај на полусезоната во Финска.

СИФ на домашен терен славеше против AИФК со убедливи 41-30, иако на полувремето беше само плус два, 18-16.

Чурлевски беше втор стрелец со шест погодоци, додека Трајковски покрај стандардната игра во одбрана, даде и четири гола.

СИФ сега е на четвртото место на табелата со 11 бодови, само бод помалку од БК-46, додека Дикен и Кокс се тешко достижни со 24 и 20 бодови на првите две позиции.