Чупиќ со полесна повреда пред двомечот со Вардар, шутира само пенали!

Ракометарите на Загреб стартуваа победнички на ТВ турнирот во Добој, откако славеа над словенечкот Копер со убедливи 28-16.

Најголемото засилување Иван Чупиќ, влегуваше во игра само за пенали поради полесна повреда, иако не е објавено за што точно се работи, но успеа да постигне четири гола од четири шута од седум метри.

Победникот беше решен уште во првиот дел, кога избраниците на Ивица Обрван, направија залиха од седум погодоци.

Веројатно и стратегот на „плиинарите“, криеше дел од адутите на овој натпревар на кој најдобар стрелец беше Давид Мандиќ со осум погодоци, а голманот Ивиќ собра 12 одбрани.

Загреб претходно играше против Борац (победа) и против Целје (пораз), а ќе биде гостин во Скопје на 26 август на првиот осминафинален меч од СЕХА лигата, додека реваншот е во Хрватска на 31 август.