Чупиќ би можел да заигра против својот Вардар на лето

Вардар ја заврши групната фаза во регионалната СЕХА лига со убедлив пораз од Војводина, 33-24, а тоа значеше и пласман на третото место. Тоа трето место носи најпрво осминафинален двобој со четвртопласираната екипата од групата А, српскиот вицепрвак Металопластика.

Доколку вардарци во мај бидат подобри од тимот од Шабац, тогаш во четвртфиналето најверојатно ќе ги чека составот на Загреб, кој засега ја има првата позиција во групата А, иако треба да игра уште три средби.

Тоа значи дека вардаровата легенда Иван Чупиќ би можел да заигра против екс клубот уште на лето, односно по 15 август. Хрватот ќе игра на дуелите со Металопластика и со „црвено-црните“ ќе се бори за четвртфинале, а таму можеби ќе игра токму против Вардар. Македонскиот тим тогаш ќе биде многу различен тим од овој сега, но и Загреб ќе биде засилен со неколку екстра квалитетни ракометари. Чупиќ петта сезона го носи дресот на Вардар, освои две европски титули, но се реши за камбек во татковината и да ја заврши кариерата во Загреб, со кој потпиша договор на три сезони.

Осминафиналните средби во СЕХА се на програмата во мај, четвртфиналните во август, додека завршниот турнир ќе се игра од 3 до 5 септември во Задар.

СЕХА лига, осминафинале

Војводина – Татран Прешов
Металопластика – Вардар

СЕХА лига, четвртфинале (проекција според актуелната табела)

Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
Нексе – Веспрем
Металопластика/Вардар – Загреб
Војводина/Татран Прешов – Мотор