Чувара: Ако сакаме Ф4 во Задар, мора да одиграме како што ќе каже тренерот

Ракометарите на Вардар денеска од 20 часот ќе го одиграат реваншот од четврт-финалето во СЕХА лигата, а му гостуваат на ППД Загреб, тим против кој ќе треба да бранат предност од четири гола.

Пред реваншот ракометарите се расположени и подготвени за она што претстои така што веруваат во добар резултат.

„Имавме неколку дена и сосема доволно време за да го анализираме првиот натпревар одигран во Скопје. Ќе биде исто толку тежок како и оној што го одигравме во ‘Јане Сандански’. Сигурен сум дека денеска Загреб ќе има многу промени во игрта. Некои работи ќе бидт поразлични, но ќе биде подготвени. Доколку сакаме успех мораме да одиграме како што тренерот бара од нас“, вели левото крило на Вардар, Јан Чувара.

На првата средба Вардар дојде до победа од 24:20, па сосема јасно е каков резултат е потребен за пласман на Ф4 во Задар.