ЧСМ Букурешт не треба да се грижи за финансии најмалку до следното лето

И покрај тоа што има многу информации за финансиски проблеми во романскиот ЧСМ Букурешт, сепак општината соопшти убави вести за ракометартките.

На специјалната прес-конференција, градоначалникот на Букурешт, Дан Никошур соопшти дека општината продолжува да го финансира клубот најмалку до следното лето.

„ЧСМ Букурешт е тим кој константно настапува во европските натпреварувања. Поддршката за клубот од општината ќе продолжи барем до следното лето за да не влијае на формата на ракометарките во Лигата на шампионите. Станува збор за професионалци кои имаат потпишано договор и мора да се придржуваме кон обврските. Што ќе се случува на лето сега не можеме да знаеме, ќе спроведеме анализи и ќе ги видиме плановите на клубот. Ќе се обидеме дел од финансирењето на клубот да го обезбедиме од приватни извори“, рече Никошур за gsp.ro.

ЧСМ Букурешт оваа сезона конечно игра во посакувана форма во Лигата на шампионите. После пет натрпевари има четири победи и пораз и е на водечката позиција во групата А.