ЧСМ Букурешт има големи планови – сакаат да ја доведат Заади!

Tимот на ЧСМ Букурешт има големи планови, а доказ за тоа е и најавата дека на лето би можеле да бидат посилни за одличната Грас Заади.

Заади на почетокот на годината поради ситуацијата со руските клубови се врати во Франција во редовите на Мец. Французинката си замина од Ростов-Дон после инвазијата на Русија во Украина, а Мец е само привремено решение до крајот на оваа сезона кога би требало да се пресели во нов клуб. Во Букурешт се надеваат дека тие ќе бидат нејзиниот избор.

Заади со 28 години е на врвот од својата кариера и беше во тесна конјкуренција за најдобра ракометарка на годината. Целта на романскиот шампион е да создаде тим кој во наредните години ќе игра на фајнл-фор.

Доколку се пресели во Романија, ЧСМ Букурешт ќе биде само трет клуб во кариерата на Заади после Ростов и Мец.