Член на првата шампионска екипа на Вардар се повреди, веќе е опериран

Ракометар кој пред три години беше дел од шампионскиот состав на Вардар на Ф4 во Келн, Александар Деревен ќе биде надвор од терените во следните четири месеци.

Ваквата информација ја објавуваат медиумите од Русија каде што сега игра Деревен. Тој настапува за составот на ЦСКА Москва, а заработи поврда на коленото на дуелот против СКА Минска од Лигата на Европа.

Се работи за стара повреда, кај која дошло до влошување. Дијагностицирано е оштетување на рскавичното ткиво така што немаше друга опција освен да биде извршена хируршка интервенција.

После ова тој ќе мора да мирува во следните четири месеци пред одново да се најде на теренот.

Деревен играше за Вардар до 2017 година, а после освојувањето на првата титула го напушти клубот и се врати во Русија.