Чкембари упатија апел: Средете ја салата, Пелистер заслужува да игра во Битола

Навивачите на тимот на Еурофарм Пелистер, популарно наречените „Чкембари“ денеска објавија соопштение на својата страна на Фејсбук, а истото го упатија до градоначалничката на Битола., Наташа Петровска.

Тие бараат да се почне навреме со санирање на салата „Боро Чурлевски“ за навреме да се стигне со поправањето на недостатоците за да може тимот на Еурофарм Пелистер своите натпревари од Лигата на Европа да ги игра во својата сала и пред публиката во Битола.

Комплетното соопштение може да се погледне на страната на Фејсбук, а јасно е дека на битолчани им недостигаат квалитетни средби за да ја исполнат салата како во најдобрите времиња.

Еден АПЕЛ до општина Битола, и до градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.Почитувани, најдобронамерно и најискрено…

Публикувахте от Чкембари Битола / Ckembari Bitola в Понеделник, 11 май 2020 г.