Чеховски Медведи без конкуренција, освоија нов Супер куп

Тимот на Чеховски Медведи и годинава е победник во Супер купот на Русија откако беше убедлив против амбициозниот тим на СКИФ Краснодар со високи 42:23.

Рускиот првак не дозволи да има изненадување и со освоената титула стана осумкратен освојувач на Супер купот.

Ракометарите на Чеховски Медведи продолжија со добрата форма пред новите настапи во Лига на Европа и покажаа дека и во новата сезона се главни фаворити за освојување на домашната титула.

Натпреварот против СКИФ Краснодар беше решен уште во првото полувреме кое заврши со предност од девет гола разлика за екипата на Чеховски медведи, 18:9.

Вториот дел беше само формалност и шанса за докажување на останатите ракометари со помала минутажа од двата клубови.