Четири трансфер бомби во еден еден: Веспрем ги потврди Фабрегас, Сандел, Касадо и Деска!

Раководството на Веспрем денеска промовира нови засилувања што ќе го засилат унгарскиот гигант во 2023 година.

Францускто лево крило Уго Деска потпиша договор на две сезони со Веспрем и ќе го замени Мануел Штрлек чиј договор истекува на лето во 2023 година. Деска доаѓа од Монпелје, а претходно играше за Кретеј и романскиот Динамо Букурешт.

Ново име во Веспрем е и десниот бек Лукас Сандел, кој го носи дресот на данскиот Алборг. Тој потпиша договор на две сезони, од 2023 до 2025 година, со опција да биде продолжен за уште една сезона.

Во 2023 година во Веспрем доаѓаат и Лудовик Фабрегас од Барса и Аугустин Касадо. Францускиот пивот потпиша „две плус една“, а ќе го менува Блаж Благотиншек. Шпанецот Касадо се обврза на верност до 2025 година и ќе го менува Расмус Лауге Шмит.

Оваа сезона Веспрем го засилуваат Никита Вајлупов, Бјарки Мар Елисон, Драган Пешмалбек и Јахја Елдера.