Четири дреса продадени за 7.000 евра на аукција

Ракометната федерација на Германија во добротворна акција стави четири дреса на репрезентативците на аукција од кои беа собрани 7.000 евра.

На аукција се најдоа дресовите на Уве Генсхајмер, Јоханес Битер, Пол Друкс и Андреас Волф.

После наддавањето беа собрани 7.000 евра што е секако голема сума кога станува збор за само четири дреса од ракометна репрезентација.

Приходот ќе биде искористен за опремување на училишта во Ханој, главниот град на Виетнам.

Инаку, планот е со спортски терени да бидат опремени поголем број на училишта во кои одат околу 28.000 деца.