Чесите тренираа во „Борис Трајковски“, подготвени ли се за скопскиот вулкан? (ФОТО)

Македонија и Чешка вечерва ќе го одиграат реванш натпреварот за пласман на Мундијалот во Полска и Шведска.

Избраниците на Хавиер Сабате веќе го почувствуваа теренот во СЦ „Борис Трајковски“, иако дел од нив играа и на претходните меѓусебни двобои.

Трибините во македонската арена беа празни, но пред полни вечерва на Чесите сигурно ќе им затреперат рацете во жешката атмосфера.

Натпреварот меѓу Македонија и Чешка се игра вечерва со почеток од 19:00 часот, а првиот во Злин заврши 24-24.