Чесите не се откажуваат од СП – Ако треба и без тренинзи ќе одиме во Египет!

Репрезентацијата на Чешка се наоѓа во незавидна положба пред стартот на Светското првенство во Египет.

На тестирањето пред мечот со Фарски Острови во Торшавн утврдено е дека има осум позитивни случаи, ако се додадат двајцата позитивни селектори Филип и Кубеш, како и уште еден од ракометарите што остана дома, тогаш јасно е дека ситуацијата е сериозна со 11 заразени.

Плус во Чешка останаа уште тројца од поискусните ракометари, како и нивните цимери, кои имале дел од симптомите на коронавирусот.

„После полноќ ни се јавија по телефон да не информираат дека имаме осум позитивни ракометари, но нема писмена евиденција. На Фарски Острови патуваа само ракометари што имаа негативни тестови на 2 и 4 јануари, а оставивм дома петмина играчи поради претпазливост. Ни беше кажано да ги носиме со нас тестовите од Чешка од 4 јануари, но повторно ни правеа тест на аеродромот во Торшавн. Отседнавме во хотел каде што бевме под специјален режим“, изјави тим-менаџерот на чешката репрезентација, Адам Штегл.

Чесите се вратија заедно во татковината – и позитивните и негативните ракометари беа во истиот чартер лет и повторно ќе има нови тестирања во следните денови. Подготовките практично се завршени за нив, и дури и да патуваат за Египет, тоа ќе биде без тренинзи. Но воопшто не размислуваат за откажување на настапот.

Македонија е прва резерва за настап на Светското првенство и до последен момент ќе чека повик од ИХФ, но Чесите се решени по секоја цена да патуваат во Египет.

„Најреалната варијанта е дека до патувањето за Египет, сите ракометари ќе треба да останат во хотел во изолација, во еднокреветни соби, иако тоа ќе не чини скапо бидејќи ќе останеме без ниту еден тренинг до патувањето за Египет“, изјави Штегл.

Ако чешките здравствени власти им издадат решенија за самоизолација на ракометарите што беа дел од овој собир, нема да стигнат да патуваат со летот за Египет, кој е планиран за 12 јануари и веројатно ќе бидат повикани други од поширокиот список од 35 играчи.

Чешка е во група со домаќинот Египет, Шведска и Чиле.

Maкедонија на готовс за СП – Чешка има 11 позитивни случаи на корона

Чесите џабе летаа до Фарски Острови – во 5 до 12 одложен квалификацискиот натпревар за ЕП

Двајцата селектори на Чешка се позитивни на коронавирус – тренинзите ги водат „онлајн“

Брестовац: Утре да стигне повик – Македонија е спремна за настап на СП!