Maкедонија на готовс за СП – Чешка има 11 позитивни случаи на корона

Откако денеска стана јасно дека натпреварот меѓу Фарските острови и Чешка нема да биде одигран во предвидениот термин надежта за Македонија да заигра на Мундијалот во Египет стана уште поголем.

Покрај информацијата дека дуелот од квалификациите за ЕП 2022 нема да биде одигран поради позитивни случаи со коронавирусот во селекцијата на Чешка, сега веќе е познато и колкава е бројката на позитивни.

Се работи за вкупно 11 членови на националниот тим од кои двајца се селекторите на репрезентацијата, Јан Филип и Даниел Кубеш.

Покрај еден ракометар кој беше позитивен и остана дома и не патуваше за Фарски острови, денеска има уште осум од групата од 22 лица кои беа дел од експедицијата. Според ова во Чешка има девет позитивни ракометари и двајца селектори што секако ќе претставува проблем.

Со оглед на тоа што и другите членови на експедицијата биле во контакт со нив нема да биде изненадување доколку бројката на позитивни продолжи да расте.

Чешка не е единствената селекција која има проблеми со позитивни случаи на Ковид 19. Вчера во карантин влезе и репрезентацијата на Шведска.

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац, вчера во изјава за 24Ракомет потврди дека момците се подготвени за настап на Светското првенство така што доколку се отвори шанса, нема да биде испуштена.

Чесите џабе летаа до Фарски Острови – во 5 до 12 одложен квалификацискиот натпревар за ЕП

Двајцата селектори на Чешка се позитивни на коронавирус – тренинзите ги водат „онлајн“

Брестовац: Утре да стигне повик – Македонија е спремна за настап на СП!