Двајцата селектори на Чешка се позитивни на коронавирус – тренинзите ги водат „онлајн“

Двајцата селектори на Чешка, Јан Филип и Даниел Кубеш, се позитивни на коронавирус и се наоѓаат во изолација.

Но и покрај тоа, сепак ги водат тренинзите на чешките репрезентативци онлајн, а во сала се заменети од Петр Штохл и Павел Пауза.

Тие добиле позитивни тестови на 2 јануари и ќе мораат да бидат во изолација најмалку десет дена, кога повторно ќе прават тестови.

Филип нема никакви симптоми, додека Кубеш не поминува најидеално. Сепак двајцата веруваат дека ќе бидат наскоро подготвени повторно да го водат тимот, иако мала е веројатноста да патуваат во Египет.

Чешка покрај настапот на Светското првенство, ја очекуваат и две квалификациски средби за ЕП 2022 година против Фарски Острови.

На мундијалот во Египет Чешка е во група со Шведска, домаќинот и селекцијата на Чиле.