Чесите џабе летаа до Фарски Острови – во 5 до 12 одложен квалификацискиот натпревар за ЕП

По дуелите меѓу Црна Гора и Шведска, денеска листата на одложени натпревари од квалификациите за Европско првенство е збогатена со уште еден натпревар.

Станува збор за двобојот меѓу Фарски Острови и Чешка. Чесите вчера со чартер лет слетаа во Торшавн, но при тестирањето во земјата домаќин, беше утврдено дека имаат позитивни случаи на коронавирус.

ЕХФ реши да не ризикува ништо и да го одложи по вторпат овој натпревар за кој ќе се бара нов термин, веројатно во март.

Чешка отпатува во Торшавн без Здрахала, Мрква, Хрстка, Бабак, Чип и Петровски кои се штедат за СП, како и без селекторите Филип и Кубеш, и требаше со подмладена селекција да игра против Фарски Острови, но тоа нема да се случи.

Вториот натпревар меѓу овие две селекции, треба(ше) да се игра во Плзен на 9 јануари, но веројатно и тој ќе биде одложен.