Червар: Можеби ќе има Олимписки игри, но ми мириса на нерегуларности

Ракометната репрезентација на Хрватска ја очекуваат олимписки квалификации кои заради новонастанатата ситуација со коронавирусот се одложени за крајот на сезоната.

Ова не му се допаѓа на селекторот Лино Червар кој смета дека ваквиот згуснат распоред на крајот на сезоната може да донесе нерегуларности како на квалификацискиот турнир така и на Олимпијадата.

„ЕХФ донесе одлука дека натпреварувањата ќе продолжат во април, а квалификациите во јуни. Замислете колку натпреварувања ќе има тогаш првенства, купови, репрезентации. Како ќе се одвиваат подготовките за сето тоа? Мислам дека се ближиме кон тоа дека можеби ќе има Олимпијада но ми мириса на нерегуларности“, изјави Червар на хрватски РТЛ.

Лино Червар после Европското првенство најави дека ќе ја предводи репреентацијата уште на Олимписките квалификации и евентуално на Олимпијадата, но доколку не се одржат турнирите би можело тука да заврши неговата селекторска работа во репрезентацијата на Хрватска.