Чаневски и Макаби Ришон се шампиони на Израел!

Македонскиот чувар на мрежата Градимир Чаневски во првата сезона како интернационалец стана шампион на Израел.

Чаневски и неговиот тим Макаби Ришон Ле Зион славеа во мајсторката против Хапоел Ашдод со гол разлика 26-25.

Голманот беше меѓу најдобрите поединци во својот тим и успеа да запре 12 удари на противничките ракометари.

Македонецот и Макаби Ришон иако имаа 2-0 во победи, сепак мораа да играат и петти натпревар за да ја освојат титулата.