Чаир со победнички краj на сезоната

Екипата на Чаир на домашен терен беше подобра од Шампион со резултат 27:23 во последното коло од Женската лига.

Ракометарките на Чаир добро го започнаа натпреварот и одржуваа контрола на самиот резултат во првите минути. Екипата на Шампион се трудеше да остане во игра и заостануваше на еден гол негатива, 4:3, по седум минути игра. До крајот на првиот дел, Шампион успеа и да изедначи, 9:9, но поискусната екипа на Чаир замина на полувреме со предност од еден разлика, 15:14.

Во второто полувреме, Чаир се одлепи на плус три, 18:15, со головите на Божиновска и Рахмани. Сепак, водството од три разлика не беше никаква гаранција за победа.

Избраничките на Слободан Чивлачки направија пресврт со добрата одбрана и на петнаесетина минути до крајот имаа и предност од 20:19. До самиот крај имаше голема борба за освојување на бодовите. Чаир успеа во последните минути да ја преземе контролата на терен и со победа да ја заврши сезоната во домашниот шампионат.

Најефикасни во екипата на Чаир беа Марија Николовска и Ана Марија Божиновска со по шест гола. Во составот на Шампион, Ангела Петровска и Ана Георгиевска беа први стрелци со по седум гола.