Чаир сигурен на свој терен, обезбеди висока победа и против Гевгелија

Составот на Чаир останува цврсто на 4. позиција во Супер женската лига откако денеска дојде до победа на средбата против Гевгелија со 32:25.

Ракометарките на Чаир беа во предност во поголемиот дел од натпреварот. Првите неколку минути минаа со израмнета игра, но потоа дојде до правење на разлика од четири гола која се чуваше во продолжение од натпреварот.

На одмор беше 15:12, а потоа откако гостинките успеаја да се доближат и да намалат само на еден погодок како да не можеа веќе да следат. После 21:20 тимот на Чаир успеа да се избори за враќање на предноста од три гола, но до крајот на средбата и за поубедлива победа.

Конечните 32:25 беа сосема доволни за да може да се обезбеди победа така што бодовите им припаднаа на чаирчанки кои остануваат сигурни на 4. место додека тимот на Гевгелија е далеку од позициите кои носат во европските купови.

ЧАИР – ГЕВГЕЛИЈА        32:25 (15:12)

Сала: „7 Март“ во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

ЧАИР: Кицеска, Сали, Мисовска, Динарица 3, Николовска 9, Рамадани, Божиновска 4, Камбери, Зам. Рамуко, Рахмани 8, Зана Рамуко, Мартиновска 2, Шерифи, Ѓуриќ, Филипоска, Алексоска 6.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 4 мин.

ГЕВГЕЛИЈА: Горковска, Басова, Мандалова, Шуклева, Митревска 10, Димова 2, Живковдка 1, Јанчева 2, Шутева 4, Митрова, Ибрахимовиќ, Митрова 6

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 4 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР18151246
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА18611119
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167