Чаир ремизираше со Бор на првиот пријателски натпревар

Тимот на Чаир се наоѓа на подготовки во Кладово и веќе го одигра првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.

Избраничките на Басри Латифи ремизираа со српскиот состав Бор во натпреварот што заврши 29-29.

Договорена е уште една пријателска средба во Кладово, а Чаир ќе одигра уште две средби и во Црна Гора, против составите на Улцињ и Бар.

Чаир има големи амбиции за новата сезона во Женската лига и досега се засили со седум нови ракометарки. Овој тим ќе биде македонски претставник во Европскиот Куп и ќе се соочи со екипата од Фарски Острови, Х 71.