Чаир победнички ја заврши 2022 година

Ракометарките на Чаир имаа победнички крај на 2022 година, откако славеа на гостувањето кај Шампион со 39-27.

Во првиот дел домаќинките парираа на Чаир, за кој не настапија Филипоска и Гулицоска, па одржуваа резултатска рамнотежа, дури и водеа со два гола во еден момент, 12-10. На пауза се замина со реми, 16-16.

Во вториот дел Чаир полека ја преземаше контролата на теренот, малку по малку ја градеше предноста и на крајот оствари убедлива победа.

По осум гола за Чаир постигнаа Дамчевска и Ѓеоргиевска, додека кај Шампион се истакна Димитриевска со исто толку.

Чаир продолжува во разигрувањето за титулата напролет, а Шампион ќе игра во плеј-аут.