Чаир имаше успешна последна контрола пред предизвикот во Европскиот куп

Екипата на Чаир оствари лесна и убедлива победа во рамки на 4. коло од Женската лига против екипата Гевгелија откако и домашен терен славеше победа од 47:24.

Во последниот натпревар пред европскиот предизвик Чаир имаше лесна задача и потполно доминираше на дуелот против Гевгелија. Уште од самиот старт Чаирчанки најавија висок триумф, после почетните 5:0 многу брзо беше и двоцифрена разликата.

На полувреме Чаир веќе ја имаше обезбедено победата и водеше 24:10. Во вториот дел домашните ракометарки рутински одработеа за нов триумф, а имаа можност и да заштедат сили за дуелот од Евопскиот куп.

Најефикасна во составот на Чаир беше Мирјана Петковска со осум гола, додека по шест погодоци постигнаа Филипоска, Дамческа, Рахмани и Бакиќ. Во екипата на Гевгелија Бети Петковска постигна десет гола, а Михаела Митревска девет гола.

Инаку, натпреварот почна со едноминутно молчење во чест на Јулија Николиќ.