Чаир е прв учесник на Ф4, ќе се бори за трофејот во Купот

Тимот на Чаир е првиот учесник на завршниот турнир во Купот на Македонија, откако славеше над Ѓорче Петров со 27-29.

Домаќинките успешно парираа на почетокот на мечот, но сепак Чаир прв направи солидна предност, 10-13. Потоа серија од три гола на гостинките за 10-16, а на пауза се замина со 12-18.

Беше 21-26 во последните десетина минути од натпреварот, Ѓорче Петров се доближи на 24-26, а потоа и на минус еден 27-28 но немаше време за нешто повеќе и победата остана за Чаир

Најдобри стрелци кај победникот беа Анастасија Николовска со седум и Марија Николовска со шест погодоци, додека кај Ѓорче Петров по осум голови постигнаа Ангела Цветановска и Сара Божинова.