Чаир беше одличен ривал, но бодовите останаа во Куманово

Ракометарките на Куманово дојдоа до победа од 21:20 против Чаир и продолжија со максималниот биланс во досегашниот дел од сезоната.

Во интересен натпревар нијанси решаваа каде ќе бидат бодовите на крајот од средбата бидејќи и двете екипи одиграа на приближно исто ниво. Се надигруваа постојано така што како што се очекуваше така и се финишираше бидејќи на крајот решавачки беше еден шут.

Постојаната резултатска тензија беше причина за составот на Чаир на одмор да замине со само еден гол разлика. Имаше 10:9, а најголемата предност во првите 30 минути беше плус два.

Тимот на Чаир имаше одлично отворање и на второто полувреме кога беа обезбедени набрзина плус пет, 15:10. Меѓутоа тука почна да паѓа ритамот на гостинките кои дозволија домашните со серија од 5:0 да израмнат.

Иако Чаир поведе одново овој пат со 17:15 следуваше 4:0 за кумановки и преземање на контролата на средбата во завршницата. Тоа допринесе во финишот од средбата да се влезе со предност така што беше јасно дека може да одличи еден шут. На минута и десетина секунди до крај гостинките беа во напад за нерешен резултат, но ја загубија топката откако им беше досуден пасивен.

Куманово на пет секунди доби седмерец, но не беше искористен, па на крајот беше само еден разлика, 21:20 така што радоста остана за домашните.

КУМАНОВО – ЧАИР      21:20 (9:10)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

КУМАНОВО: Митровиќ, Мар. Јовановска, Ивановска 1, Мат. Јовавановска, Боризоска, Кипријановска 7, Џамкиќ 2, Димитриевска, Димитровска, Цветановска 5, Зечевиќ, Нолевска 6

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 4 мин.

ЧАИР: Којовиќ, Сали, Рамадани, Бакиќ, Божиновска 5, рахмани 5, Рмуко, Реџеп, Ѓеоргиевска 5, Алексоска, Дамчевска 2, Дукоска 2, Филипоска 1

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 8 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023