ЦСКА на Ристовска повторно со моќно издание

Тимот на ЦСКА Москва покажа дека годинава ќе биде главен фаворит за титулата во рускиот шампионат. Московската екипа е единствениот тим, кој во досегашниот тек од сезоната во тамошниот шампионат нема загубено натпревар.

Клубот во која игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, забележа нова убедлива победа, овојпат против младиот состав на Луч, со резултат 38:17.

Токму против споменатата екипа, ЦСКА Москва пред две кола ја оствари најубедливата победа на гостински терен, триумфираше со 42:17.

Тренерот на ЦСКА Москва, Олга Акопјан на овој дуел настапи со комбиниран состав и повеќе шанса им даде на ракометарките со помала минутажа.

Ристовска на теренот мина 11 минути и успеа да реализира двапати. Најефикасна беше нејзината колешка Кристина Шеглова со седум погодоци.

ЦСКА Москва се наоѓа на првото место на табелата со 28 бода, втор е Ростов со 24, додека на 3. позиција се наоѓа некогашниот европски гигант Лада Тољати со 22 бода.