ЦСКА Москва си нема дерман од „мечките“

Во финалето на Купот на Русија ќе играат тимовите на Чеховски Медведи и СКИФ Краснодар.

Скапиот проект на ЦСКА Москва загуби во натпреварот од полуфиналето на Купот на Русија од Чеховски Медведи со 30-29. Битката на Петковиќ и Максимов, заврши со триумф на рускиот стар лисец.

Иако ЦСКА Москва водеше по првиот дел со 15-12, а во вториот дел имаше и 22-17, сепак на крајот мораше да му честита на големиот ривал, кој од 2005 година, па наваму освои 13 од 15 можни титули.

Ривал на „мечките“ за нов трофеј ќе им биде СКИФ. Тимот од Краснодар направи мало изненадување со триумфот над Нева Санкт Петербург по пенали со 24-25, откако во регуларниот дел беше 21-21.