ЦСКА Москва наjде лек за “мечките”

Ракометарите на ЦСКА Москва на домашен терен обезбедија солидна предност во првиот наптревар од финалето во плеј-офот на Русија совладувајќи го Чеховски Медведи со 36:30.

Чеховски Медведи само го имаше само почетното водство кога отвори со 0:2 и 1:3, но ЦСКА Москва многу брзо ја презема контролата на натпреварот. После десет минути беше 8:5. До крај на првиот дел ЦСКА го зголеми водството и на пауза водеше 17:12.

Во продолжението сите обиди да се врати во натпреварот на Чеховски Медведи лесно ги одбија ракометарите на ЦСКА Москва и стигнаа до висок триумф. Реваншот од финалето се игра на 28. мај кога ќе биде познат новиот шампион на Русија.

Предводник до овој триумф на ЦСКА беше Дмитри Киселев кој со 11 погодоци беше најефикасен на натрпеварот, а пет гола постигна Астрашапкин. Во составот на Чеховски Медведи се истакна Кирил Котов со 12 погодоци.