ЦСКА Москва купи играч од Бундес лигата

Рускиот вицешампион, ЦСКА Москва за новата сезона се засили со репрезентативецот на Белорусија, Александар Подшивалов.

Раководството на рускиот тим уште минатата година сакаше да го ангажира Подшивалов во своите редови, но средниот бек од Белорусија остана уште една сезона во Бундес лигата.

Подшивалов ги заврши обврските кон Минден и во Москва ќе пристигне пред почетокот на подготовките за престојната сезона.

Освен за Минден, Подшивалов настапуваше и за белорускиот тим СКА Минск. За репрезентацијата на Белорусија има одиграно 65 официјални натпревари и постигнато 89 голови.

ЦСКА Москва за новата сезона ангажира неколку квалитетни засилувања. Во московската екипа како нови засилувања ќе бидат и екс членовите на Вардар, Сергеј Горпишин и Дмитри Киселев.

Екипата ќе треба да бара нов тренер бидејќи исусниот стратег, Велимир Петковиќ ќе се посвети само на репрезентативна работа.