ЦСКА Москва и Ристовска ќе имаат нов тренер

Рускиот вицепрвак ЦСКА Москва ќе има нов тренер во следната сезона, откако беше раскинат договорот со романскиот стратег Флорентин Пера.

Двете страни решија да го раскинат договорот кој важеше и за следната сезона, поради тоа што ЦСКА нема да игра во европските купови.

Негова замена ќе биде Олга Акопјан, некогашната репрезентативка на Русија, која го водеше тимот до шампионската титула во сезоната 2020/21.

ЦСКА Москва и Сара Ристовска ќе ги стартуваат подготовките за новата сезона на 11 јули во руската престолнина.