ЦСКА и Рајн Некар заверија втора рунда во Лигата на Европа

Екипите на ЦСКА Москва и Рајн Некар по вторпат беа подобри од своите противници во квалификациите од Лигата на Европа и веќе обезбедија пласман во следната рунда. ЦСКА беше подобра против Макаби со 29:23, додека Рајн Некар против Спорт Тото со 42:22.

Унгарскиот претставник Балатонфуреди ќе патува на гостувањето во Шведска кај Малме со два гола предност откако во првиот дуел славеше победа од 27:25. Полскиот тим Забже доживеа висок пораз на домашен терен од Арендал со 19:29, па реваншот во Норвешка се очекува да биде формалност.

Претставникот на Србија, Војводина одигра одличен натпревар против тимот на Кадетен Шафхаузен и славеше победа од 26:20. Војводина со солидна предност ќе патува во Швајцарија против квалитетниот состав на Кадетен и ќе се обиде да направи изненадување против тимот кој минатата година играше во групната фаза.

ЛИГА НА ЕВРОПА, КВАЛИФИКАЦИИ

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИТЕ ДУЕЛИ

БАЛАТОНФУРЕДИ – МАЛМЕ 27:25 (11:14)

ЗАБРЖЕ – АРЕНДАЛ 19:29 (10:15)

ВОЈВОДИНА – КАДЕТЕН  26:20 (16:9)

РЕВАНШ НАТПРЕВАРИ

ЦСКА МОСКВА – МАКАБИ 29:23 (16:12)

*ЦСКА Москва имаше предност од 29:26 од првата средба одиграна вчера.

СПОР ТОТО – РАЈН НЕКАР 22:42 (11:23)

*Рајн Некар вчера победи со 38:22.