Црногорците одиграа добар турнир во Тунис, селекторот е презадоволен

Репрезентацијата на Црна Гора играше на турнир во Тунис за време на ЕХФ неделата и од него се враќа со две победи против Швајцарија (35:31) и Зеленортските острови (30:29), како и пораз од домаќинот Тунис од 28:30.

Селекторот Зоран Рогановиќ е задоволен од тоа како момците функционирале на теренот бидејќи целта на оваа акција била играта во нападот.

„Форсиравме нов систем на игра иако не одработивме ниту еден заеднички тренинг туку сето тоа го спроведовме на дело со само неколку состаноци и врз основа на усмени договори. Против Зеленортските острови загубивме два важни ракометари во ротацијата бидејќи Стеван Вујовиќ не можеше да ни помогне додека Милош Божовиќ доживеа повреда на почетокот на второто полувреме. Тоа беше причина во нападот да функционираме нешто потешко, на кој посветивме посебно внимание во оваа акција. Се наметнаа некои млади играчи, добивме на ширина и после турнирот во Тунис има многу позитивни работи. Просекот од 30 постигнати голови на три натпревари е податок кој вели дека сме одлични во напад“, вели Рогановиќ.

Црногорците ќе бидат втори ривали на Македонија на Европското првенств. Дуелот против нив Македонија го игра на 15 јануари.