Црногорецот си заминува од Келце, ќе биде соиграч на Кузмановски (ФОТО)

Десниот бек од Црна Гора, Бранко Вујовиќ го напушта составот на Келце, кој во следната сезона ќе има преголема конкуренција на сите позиции. Вујовиќ одлучи дека е време за нов предизвик во кариерата, а го најде во составот на Хановер од Бундес лигата.

Ова значи дека од следната сезона Вујовиќ ќе му стане соиграч на Филип Кузмановски и ќе има можност за играње во најсилната лига во светот.

Вујовиќ е играч кој има 23 години, а кариерата ја почна во редовите на Сутјеска. Од 2015 година е член на Келце, но во периодот од 2017 до 2019 година беше на позајмица во Целје.

За репрезентацијата на Црна Гора игра од 2015 година, а во јануари ќе игра против Македонија на Европското првенство.