Црна Гора, Белорусија и Романија перфектни на ЕХФ шампионатите

Во второто коло од групната фаза на ЕХФ шампионатите за кадети кои се играат во Летонија и Бугарија репрезентациите на Црна Гора, Белорусија и Романија ги остварија своите втори победи и во пресрет на третото коло обезбедија пласман во полуфиналето.

Холандија и Турција ќе се борат за втората позиција во директен дуел во групата А од шампионатот во Црна Гора, каде што домаќино против Косово ќе оди на нова победа и максимален учинок.

Белорусија игра убедливо во групата Б од ЕХФ шампионатот во Летонија, а вториот патник во полуфиналето ќе биде Словачка или Литванија.

ЕХФ шампонати, ВТОРО КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:

ЛИТВАНИЈА – БЕЛОРУСИЈА 23:41
РОМАНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ 30:24
ФИНСКА – СЛОВАЧКА 23:25
КОСОВО – ХОЛАНДИЈА 22:36
ЦРНА ГОРА – ТУРЦИЈА 29:25
ФАРСКИ ОСТРОВИ – БУГАРИЈА 40:25

Третото коло на програмата е во четврток кога ќе ги добиеме сите патници во нокаут фазата на двата ЕХФ шампионати.