Црвена Звезда остана без тренер – Поранешниот член на Куманово, поднесе оставка

Некогашниот ракометар на Куманово, кој беше и репрезентативец на Србија, Жикица Милосављевиќ поднесе оставка од функцијата тренер на Црвена Звезда после поразот од Раднички Крагујевац.

За прославеното десно крило ова беше пораз после кој не можеше да продолжи со водењето на тимот така што се одлучи на таков чекор да ја напушти екипата која ја водеше од минатата година кога ја спаси од испаѓање и успеа да обезбеди опстанок.

Сепак, работите не одеа како што посакуваше. Успеа да направи одличен резултат против шампионот Војводина во октомври кога беше обезбедена победа од 32:28 следуваа три порази во овој месец. Црвена звезда загуби прво дома од Металопластика (28:34), па кај Динамо Панчево (25:31) и вчера дома од Раднички (28:29).

Со овој пораз Црвена Звезда остана со шест бода во Групата А. Има четири помалку од Раднички кој има и натпревар помалку. Со оглед на тоа што првопласираните четири одат во плеј-оф, а Црвена Звезда е на 5. место и има големо заостанување сето ова беше причина Жикица Милосављевиќ да си замине од клубот.