Цирих и Поповски си тераат по старо

Тимот на Амичитија Цирих, каде што настапува македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, загуби на гостувањето кај Сент Гален во швајцарскиот шампионат.

Амичитија беше поразена со 28-25 во натпревар од 13 коло, иако одигра сосема солидно во првото полувреме кога беше 15-14 за домаќинот.

Десното крило Поповски повторно беше меѓу најдобрите стрелци и успеа да постигне три погодоци од седум обиди.

Амичитија по овој пораз се наоѓа на последното место со само еден освоен бод во досегашниот тек од првенството.