Цирар: Во лоша серија сме, но мора да покажеме дека знаеме да играме и да победиме

Викендов продолжуваат натпреварите од плеј-офот во Супер лигата. Тимот на Охрид во недела ја пречекува екипата на Бутел.

Своите очекувања пред дуелот ги сподели десното крило, Гал Цирар, кој вли дека мора да се намалат техниичките грешки.

„Не очекува уште еден тежок дуел, а имаме краток период да се подготвиме. На тоа ние сме во една лоша резултатска серија, но сепак мора да покажеме дека знаеме да играме и дека не се предаваме до крајот на сезоната. Прво што треба да направиме е да ги поправиме техничките грешки, да изиграме максимално борбено и се надевам дека водени од домашната публика и верните фанови ќе успееме да славиме и да ги освоиме трите бода“, изјави Цирар.

Натпреварот меѓу Охрид и Бутел се игра во недела, 2 април, со почеток од 18:30 часот, во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.