Цел Вардар во Подгорица: Алисон Пино потпиша за Будуќност!

Поранешната ракометарка на Вардар, Алисон Пино, која во Скопје мина една сезона, е нова ракометарка на црногорскиот шампион Будуќност.

Пино иако имаше активен договор со францускиот Иси Париз, сепак се реши за камбек на големата сцена во Лигата на шампионите.

Следната сезона во Будуќност ќе играат дури шест поранешни ракометарки на Вардар – Сања Дамњановиќ, Андреа Лекиќ, Итана Грбиќ, Барбара Лазовиќ, Алисон Пино, Јованка Радичевиќ.

Пино претходно ги носеше дресовите на Мулино, Мец, Валчеа, Крим, Ним, Баја Маре, Брест Бретањ и последно на Париз.

Со нејзиниот ангажман и оние претходните на голманката Аренхарт, крилото Грбиќ, како и десниот бек Маслова, Будуќност ќе стане еден од топ фаворити за европската титула следната сезона.